ФК МОНДАНОПринципи и правила

GROW PEOPLE BEFORE PLAYERS.

Правила за членство и користење на порталот

ФК Мондано го става развојот, безбедноста и добросостојбата на детето пред резултатот.

Однос кон детето

  • Поддршка, трпение и позитивна комуникација пред, за време и по тренинг или натпревар.
  • Без притисок за резултат, споредување со други деца или коментирање на состави.
  • Почитување на развојниот процес, одлуките на тренерот и достоинството на секое дете.

Однос кон клубот и тренерите

  • Прашањата се разговараат директно и мирно, надвор од тренинг или натпревар.
  • Родителите не даваат инструкции од трибина и не се мешаат во тренерската работа.
  • Навремено се почитуваат организациските обврски и правилата за членарина.

Користење на порталот

  • Секој родител користи сопствена е-пошта и пристапот не го споделува со други лица.
  • Родителот гледа податоци само за своето дете или деца по одобрување од клубот.
  • Фотографии, распореди и клубски информации од затворениот портал не се објавуваат без дозвола.

Членарина

Членарината и роковите за плаќање се утврдуваат според тековниот клубски ценовник и се прикажуваат во родителскиот профил.

Со поднесување барање за пристап родителот потврдува дека ги прочитал овие правила.

← Назад кон пријавата